Студентите од Охрид го стекнуваат академското образование надвор од родниот град не ретко остануваат во македонската метропола или пак заминуваат во странство смета  градоначалникот Александар Петрески.
Тој најави дека  и натаму ќе ја афирмира неговата идеја за изградба на универзитетски кампус во Охрид.

„Охридската касарна која сега е вон функција е соодветно место за универзитетски кампус. За ова е разговарано и со премиерот Никола груевски и сметам дека Министерството за образование и Владата треба да посветат внимание на ова прашање“, смета Петрески.

Општината и натаму ќе ја бара касарната, зашто како што образложи градоначалникот, во услоови на тешка економска криза , родителите, покрај за образованието, се изложени и на дополнителни трошоци за плаќање на станови и слично.

А.Ристоска