Имате неверојатна традиција и прекрасни природни убавини, за кои светот не знае, ни изјави Абрахам Розентал, претседател на Интернационалната асоцијација на хотели и ресторани –   ИХРА, кој деновиве е гостин на Хотелската асоцијација на Македонија. Тој е  воодушевен од туристичкиот потенцијал на Охрид и особемно од тоа што го виде на празникот Водици.

“Ова е атрактивен настан, но луѓето во светот не знаат за Водици во Охрид. Дури и јас кога дојдов еден ден пред празникот не знаев што ќе видам тука и затоа сметам дека на Охрид му е потребна многу поголема промоција на светскиот пазар, што сигурен сумо ќе ви донесе голем број туристи од секаде во светот“, рече Розентал.


светот не знае за нашите Водици

Во ИХРА членуваат над 200.000 ресторани и хотели од целиот свет, а целта на посетата на Розентал на Охрид е да ја претастави интернационалната асоцијација пред туристичките работници од Балканот. Деновиве во посета на Охрид се и претставниците на Балканската аоцијација на хотелиерите која тука ќе одржи и работна средба на која ќе дојде до ротација во претседателството.