Изминатиот викенд атлетскиот викенд Охрид трчаТ преку своите пријатели туристичката агенција Глобус травел и Скопски маратон се презентираше надвор од македонските граници односно на саемот на туризам во Белград и на полумаратонот во Сплит.

За таа потреба организаторот Асоцијацијата за спортови „Спорт за сите-сите за Спорт“ изработи промотивен флаер кој преку своите пријатели го дистрибуираше до посетителите и учесниците на саемот и сплитскиот полумаратон.

Оваа пракса на промоција и афирмација на Охрид трчаТ, а со тоа и на Охрид ќе продолжи и во иднина така што на 27 април делегација на организаторите ќе бидат гости на Дубровачкиот полумаратон. 

OhridNews