Победникот на трката на 10 километри на атлетскиот митинг Охрид ТрчаТ 2018 Оливера Јевтиќ од Србија, е дисквалификувана поради значително кршење на натпреварувачките правила. Имено, Јевтиќ во еден дел од трката не ја испочитувала насоката на движење и ја скратила патеката за 360 метри што било воочено од страна на официјалните судии. На Јевтиќ одземена и е победата, а за нов победник на трката на 10 километри жени прогласена е Андријана Поп Арсова, соопшти организаторот на Охрид ТрчаТ Асоцијацијата на спортови Спорт за сите – Сите за спорт.
„Организаторот на Охрид трчаТ Асоцијацијата на спортови Спорт за сите – Сите за спорт со жаљење ја известува целокупната спортска јавност дека натпреварувачот Оливера Јевтиќ од Србија со стратен број 910 при трчањето на вториот круг на трката на 10 километри ги прекрши правилата на патеката и на таков начин ја скрати патеката за 360 метри. После прибирањето на дополнителните информации, фото, изјави на учесници и посебно изјавите на судиите Марјан Бошалески и Пеце Георгиевски задолжени за судиско место Кеј Македонија – Хотел Ројал одлучивме натпреварувачот со стартен број 910 да го дискфалификуваме од трката на 10 километри конкуренција жени. На таков начин Официјален победник на 10 километри на Охрид трчаТ 2018 во категоријата жени е Андријана Поп Арсова, втора е Миљана Ристиќ додека трета е Весна Кираџиева. Асоцијацијата на спортови СПОРТ ЗА СИТЕ – СИТЕ ЗА СПОРТ сака да ја извести спортската јавност пред се натпреварувачите кои биле или ќе се дел од трките кои ние ги организираме дека секој еден учесник треба и мора да има ист третман и да ги почитува правилата без разлика за кого станува збор и без разлика која е разликата во квалитет.“- се вели во соопштението од Асоцијацијата на спортови Спорт за сите – Сите за спорт.
OhridNews