Организаторите на „Ohrid running weekend“ со несмален интензитет продолжуваат да ги рушат бариерите промовирајќи го најголемиот и најбогатиот настан во Охрид надвор од границите на нашата земја и пошироко.

Овој викенд, спортскиот настан популарен како Охрид трчаТ ќе биде презентиран пред учесниците на полумаратонот во Бања Лука. Околу 6 000 учесници ќе ги разубават улиците во вториот град по големина во Босна и Херцеговина.

Експедицијата на Охрид трчаТ ќе има задача да учествува на полумаратонот и да го промовира настанот кој ќе се одржи на 31 мај, 1 и 2 јуни во Охрид. За Охрид трчаТ ова ќе биде трета промоција, откако повеќе од успешно поминаа презентациите на полумаратонот во Мостар и Дубровник.

OhridNews