Атлетската манифестација Охрид трчаТ, ќе биде дел од престижниот маратон во словенската престолнина Љубљана кој ќе се одржи на 26 и 27 октомври.
На експото на еден од најстарите маратони на Балканот, Охрид трчаТ ќе ги презентира новитети за четврто издание кое ќе биде збогатено полумаратон на 21 километар. Со најавеното учество во Љубљана, екипата на Охрид трчаТ официјално ги стартува подготовките за настанот кој од година во година ги поместува границите во охридскиот и македонскиот спорт.
На маратонот во Љубљана кој прв пат се одржал 1996 година отприлика учесвуваат 30 000 вљубеници во атлетиката а од нив дури 1 500 се дел од најдолгата маратонска трка од 42 километри.
OhridNews