Најголемиот спортски настан во Охрид, популарен како „Охрид ТрчаТ“, викендов на 28 и 29 април ќе биде промовиран на престижниот Атлетски викенд, кој ќе се одржи во еден од најубавите и најпосетувани градови во Хрватска, Дубровник.
Осумчлената експедиција од тимот на Охрид ТрчаТ ќе биде задолжена да го промовира Атлетскиот викенд на саемот за трки и организации на кој ќе присуства целата светска маратонска елита.
– Проектот „Охрид ТрчаТ“ сакаме во најдобр светло да го презентираме пред светската јавност. Во Дубровник одиме да научиме нешто повеќе, да го промовираме нашиот атлетски викенд и да собереме сили за финалните подготовки кои не очекуваат. – изјавуваат од Асоцијацијата за спортови „Спорт за сите-сите за Спорт“, која е организиратор на „Охрид ТрчаТ“.
За Атлетскиот викенд во Охрид неодамна се пишуваше на престижните страни за атлетика во Србија и Бугарија. „Охрид ТрчаТ“ на 3 јуни низ улиците на Охрид ќе се одржи по втор пат, а првото издание собра повеќе од 500 учесници од регионов.
OhridNews