Најголемата спортска манифестација во Охрид за оваа година „Охрид трчаТ“ ја надмина границата од 1000 пријавени учесници. Точно, 1025 љубители на трчањето и спортот воопшто ќе се појават на стартот на 3 јуни во 10 часот на градскиот плоштад.

Помеѓу учесниците на второто издание има признаени и успешни спортисти во атлетиката и другите спортови и видни личност од општиот и јавниот живот кои дополнително ќе бидат објавени.

Комплетниот тим кој стои позади проектот „Охрид трчаТ“ им се заблагодарува на сите пријавени и ги повикува оние кои не учествуваат в недела на 3 јуни да излезат и да ги бодрат учесниците низ улиците на Охрид.

Подигнувањето на стартните пакети за учеството на трката ќе биде в сабота на 2 јуни од 10 до 20 часот на градскиот плоштад.

OhridNews