Експедиција на „Охрид трчаТ“ која имаше работно рекреативен викенд и охриѓани поединечно го збогатија 18-то издание на Атлетскиот маратон во Скопје.

„Охрид трчаТ“ кој ќе се огранизира на почетокот од јуни месец после Дубровник успешна промоција имаше и во Скопје на саемот за трки и организации (експо) и самиот настан кој се одржа низ улиците на Скопје. Охриѓани повторно ја покажаа својата љубов кон спортот и учествуваа во еден од најмасовните атлетски маратони во регионов. 

На делницата долга 42 километри триумфираше Еванс Кипкемои Бивот од Кенија кој истрча со време 2 часа, 14 минути и 8 секунди. Второпласираниот Џон Ланга исто така од Кенија заостана 51 секунда, а доминицијата на кенијците ја заокружи Хосеа Кипротич кој се пласираше на третата позиција. Најдобар пласман од македонските атлетичари забележа Александар Кираџиев со време 2 часа, 42 минути и 48 секунди.

OhridNews