Американскиот амбасадор во Македонија, Џес Бејли беше еден од 1090-те учесници кои се појавија на стартот од второто издание „Охрид трчаТ“. Бејли кој е голем љубител на спортот успешно ја помина делницата од 10 километри и со големи овации беше пречекан на целта. После завршувањето на трката и посетата на Црвениот крст-Охрид, Бејли на социјалните мрежи ја пофали организацијата на Атлетскиот викенд.
На спортската манифестација покрај aмбасадорot на САД учествуваше Министерот за здраство, Венко Филипче, јавни личности од опшствениот живот, медиумски работници и македонската маратонска елита.
OhridNews