Атлетскиот викенд Охрид Трчат кој годинава на 3 јуни по втор пат ќе се одржи во Охрид ќе биде дел од балканската атлетска елита, откако обезбеди место во календарот помеѓу најдобрите атлетски маратони на Балканскиот полуостров.

Ова е голем чекор напред за Асоцијацијата за спортови „Спорт за сите – сите за Спорт“ која повеќе од успешно го организираше првото издание на атлетскиот викенд Охрид Трчат.

– Во полн ек сме со подготовките, откако финализиравме со планот како ќе изгледа второто издание на Охрид Трчат. Влегувањето на Охрид Трчат во календарот помеѓу најдобрите маратони на Балканот и рекламирањето во Бугарија и Србија сигурно ќе ни донесе повеќе натпреварувачи, но и одговорност. – изјави првиот човек на Асоцијацијата, Иван Цветкоски.

Помеѓу досегашните пријавени натпреварувачи има од повеќе земји, а најдалечните доаѓаат од Соединетите американски држави (САД).

Охрид Трчат дел од балканската атлетска елита

OhridNews