Атлетскиот викенд Охрид трчаТ ќе биде дел од Атлетскиот полумаратон кој викендов ќе се одржи низ улиците на еден од најубавите градови во Босна и Херцеговина, Мостар.
15-члена експедиција ќе биде задолжена за што подобра промоција на викендот исполнет со забава, трчање и уживање во Охрид кој ќе ја одбележи 2019 година.
– Проектот, Охрид трчаТ сакаме во најдобр светло да го презентираме пред јавноста. Во Мостар одиме да научиме нешто повеќе, да го промовираме нашиот настан и да собереме сили за финалните подготовки кои не очекуваат. – изјавуваат од Асоцијацијата за спортови „Спорт за сите-сите за Спорт“, која е организиратор на Охрид трчаТ.
За успешното второ издание на Охрид трчаТ се пишуваше низ македонските национални медиуми и престижните атлетски интернет страни од регионов. Настанот број еден во Охрид минатата година собра 1 100 вљубеници во трчањето, а годинава се очекува бројката да порасне.
OhridNews