Битолчаните Димитар Митревски и Благојче Тодоровски се судиите кои ќе ја делат правдата на мечот меѓу Охрид и Тинекс Пролет во 13-та рунда од Супер лигата, кој се игра в сабота во 19:30 часот.

Натпреварот против скопјани за охридските ракометари е последен пред охриѓани за есенскиот дел од првенството. На пет натпревари пред своите гледачи „гладијаторите“ забележаа три победи, две реми и еден пораз.

Од охридскиот табор порачуваат дека како и секогаш така и на дуелот со фаворизираниот Тинекс Пролет ќе дадат максимум и ќе „изгинат“ за поволен резултат.

Мх.П.