Градоначалникот објаснува дека сметката на општината е блокирана, поради заостанатиот долг кој сега изнесува околу 5 милиони евра, но и покрај бројните барања кои општината ги упатила до Владата, таа не сакала да излезе во пресрет.
-Покрај тоа што не ни дава заем, како што им даде на некои други општини, како што е на пример Кичево, централната власт не сака да ни даде ниту одобрение за да земеме кредит, за да го вратиме стариот долг. Ние сме финансиски спремни да ја плаќаме ратата на кредитот, но само ни треба едно обично одобрение, другите обврски ќе си останат наши. Според мене, ова што и го прават на нашата општина е чисто политичка пресметка, што не е во ред ниту за Охрид ниту за самата држава.-рече Петрески.
Тој вели дека локалната самоуправа со свои сили ќе може да го исплати заостанатиот долг најдоцна до септември, но за тој период Охрид може да изгуби многу. Покрај тоа што не може да донесе ниту еден странски инвестиор, не може да аплицира ниту за проекти и средствата од меѓународни фондови за развој, затоа што нема надлежност врз државното земјиште, чија што сопственост треба да ја добие во втората фаза на децентрализација.
Тој нагласи дека доколку централната власт и понатаму нема да покаже слух за Охрид, тој ќе превземе дополнителни мерки и ќе ги информира сите амбасадори во Македонија за односот на Владата врз една од најзначајните општини во државата.