На градскиот плоштад охриѓани имаа ретка можност да присуствуваат на еден фитнес тренинг кој беше во организација на фитнес центарот „Фит Форм“.

Инструктор беше Јелена Градиќ која заедно со нејзиниот тим демонстрираа како треба да изгледа еден тренинг и која е тајната за совршено тело.

Ниту свежото време не им попречи на храбрите девојки кои им покажаа заби на сите предизвици во трочасовното вежбање на отворено.

Покрај тренингот на отворениот фитнес хепенинг имаше и час по здрава исхрана, а имаше и запознавање и конзумирање на протеини.

Мх.П.