Тетовска Ренова го победи битолски Пелистер со 3-0 и го освои куп трофејот во младинска категорија. Мечот кој се одигра на СРЦ “Атина Бојаџи“ помина во целосна доминација на “сино-белите“ кои за прв пат во својата историја го освоија куп трофејот.
“Гипсарите“ до предност дојдоа преку Османи кој со одличен удар по земја го погоди голот на Гоновски.
Во вториот дел тетовци ја потврдија својата доминација, а преку најдобриот играч на финалето, Скендери на два пати ја затресоа гостинската мрежа.
Пехарот на “гипсарите” прв во младинска конкуренција им го предаде претседателот на ФФМ Харалампие Хаџиристески.