Три златни, шест сребрени и 12 бронзени медаљи е билансот на македонските кик- боксери на Балканското Првенсто кое викендов се одржа во Охрид.


Далибор Огњанов (лево)

Со златни одличија се закитија Дејан Петрич во low kick во категоријата до 86 кг.

Во К1 во категоријата до 71 кг Далибор Огњанов триумфираше над Бојан Радович со 2-1, додека третото злато за Македонија го освои Иле Ристески совладувајќи го Стеван Живковиќ со 3-0 во категоријата до 75 кг.
 


чиста 3-0 победа – Иле Ристески

Сребрени одличја освоија Арјант Селими, Златко Котески и Беким Зендели во Фулл цонтацт. Во Лоњ кицк Бобан коцев, додека во К1 Бурим Селими и Мики Иваноски.

Бронзени медали освоија Тодор Атанасиев, Шабан Ибрахими, Расим Алити, Матески Горан, Мирко Костиќ, Владимир Толески, Борче Иваноски, Зоран Витанов, Филип Борену и Стефан Јаковлески.


Во Јуниорска конкуренција со бронза се закити Нинослав Саботкоски, додека во женска конкренција до бронзата стигнаа Наташа Неделковска и Данијела Симоновска.

–    Задоволен сум од постигнатите резултати, очекувавме медали за Ристески и Огњанов, додека Петрич ја потврди одличната форма во коај се наоѓа – ни изјави по завршувањето на борбите преседателот на Кик Бокс федерација Љупчо Неделковски.

М.Постоловски