Охрид од 10 до 16 септември за прв пат во македонската историја ќе биде домаќин на XIV Светски славистички конгрес. Учеството на оваа значајна научна конференција досега го потврдиле 600 слависти од 40 земји во светот. Единствено во Охрид нема да допатуваат  славистите од Грција кои уредно биле поканети дури два пати.


На конгресот низ слободна демократска расправа ќе се дискутира на многу научни теми кои се многу актуелни во дадениот момент, ни изјави академик Милан Ѓурчинов, претседател на Светскиот славистички конгрес. „Конгресот во Охрид  ќе има позитивно влијание во решавањето на одредени контоверзи, но иако тој нема политички карактер индиректно може да влијае и на решавањето на актуелните политички прашања“, смета Ѓурчинов. Поради тоа, додаде тој Македонија има огромна одговорнот да обезбеди услови за цивилизиран и демократски дијалог на учесниците на конгресот


Охрид е подготвен да ги пречека славистите од светот

Овој конгрес е од исклучителнна важност за нас бидејќи голем дел од научните реферати на странските слависти се со македонска тематика, ни изјави  потпретседателот на Конгресот, Трајко Стаматоски.

На Славистичкиот конгрес во Охрид во полноправни членки на Меѓународниот славистички комитет ќе бидат промовирани Турција, БиХ, Шпанија и НР Кина, а ќе биде организирана и изложба на преку 3000 научни дела од областа на славистиката кои ќе останат во трајна сопственост на Република Македонија.

Г. Момироски