Со поздравни обраќања на премиерот Никола Груевски и претставници на повеќе религии, во Охрид започна Светската конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог на тема Придонесот на верата и културата кон мир, заемна почит и соживот“
Конференцијата чиј домаќин е Охрид, градот на култрурата и верата, треба да придонесе за надминување на предрасудите за дебатирање за проблемите,за зближување, разбирање и за дијалог за мир и толеранција, рече во своето поздравно обраќање, премиерот Груески.
Главна цел на оваа конференција е да го свртиме вниманието кон мирот, взаемната соработка и почитување и дијалогот, рече претставникот на УНЕСКО Ентелберг Руос.
Конференцијата ја организира Министерството за култура во соработка со Комисијата за односи со верските заедници и религиски групи, како и со верските заедници на Република Македонија, а финансиски е помогната од Владата на Република Македонија, УНЕСКО, Светската исламска лига, а како партнер е Светската конференција за религии за мир.
На Конференцијата која се одржува во хотелот Инекс Горица, учествуваат над 200 претставници од сите религии, а настанот го следат околу 50 новинари, фоторепортери и сниматели.
За МПЦ, одржувањето на Светската конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог во Охрид, е историски настан,заради тоа што толку многу архиереи од помесните православнни цркви, Руската, Албанската, Бугарската, Српската, Финската православна црква, да бидат собрани на едно место сигурно позитвно ќе одекне и ќе придонесе за решавање на проблемот што како рана го носи МПЦ која опстојува и се бори да го сочува својот афтокефален статус, својата самостојност и независност и нејзиното име.
Ова го истакна епископот Хераклејски Климент, секретар на МПЦ, кој смета дека овој настан ќе има позитивно рефлексија врз Македонската православна црква. Во врска со отворениот проблем со Српската православна црква, епископот Климент рече дека МПЦ опстојува на ставот дека е потребен дијалог, но иако со отворени врати е упатен повик за дијалогг сеуште нема одговор од другата страна, додаде тој
И покрај тоа што беа поканети во Охрид не допатуваа претставници на Грчката православна црква, за што според епископот Климент причина е засилената битка околу името на нашата држава што во овие моменти се води во Грција.
Г.М.
фото: Васко Бујароски