Денот на езерото – 21. јуни, во Струга заеднички ќе го одбележат трите крајезерски града.
По повод Денот на езерото во градот на Дрим ќе се одржат повеќе манифестации, а се очекува свое обраќање да имаат градоначалниците на Струга,Охрид и Поградец.

Денот на езерото трите града заеднички го одбележуваат веќе 9 години, а целта е да се подигне јавната свест за поголема заштита на Охридското Езеро.

– Задоволство ми е што создадовме традиција , што создадовме момент на сплотување на граѓаните од двете страни на езерото , но и момент после кој видлива е повисоката сензибилност и грижа на граѓаните за состојбата на Езерото, вели Дејан Пановски од Билатералниот Секретаријат за заштита на Охридското Езеро

Паноски посочува дека во изминатите 9 години се случија многу настани и зафати, од кои како најзначаен го издвојува склучувањето на меѓудржавен Договор со кој се обезбедува заедничка грижа за езерото. Тоа придонесе и најкритичниот дел (албанската страна ) да биде покриен со колекторски систем а да биде еве и на пат за добивање на статус за заштита под УНЕСКО, додаде Паноски. Денот на езерото е традиција создадена во 2000 година и овој ден е убавина и воспевање на божјиот дар што го имаме, ден за потсетување дека многу сторивме но и дека уште доста ни останува за работа и заштита, како нам, така  и на тие после нас, подвлече Паноски.

Ohridnews