Општините Поградец, Охрид и Струга ќе соработуваат и во текот на оваа туристичка сезона, објави Ора њуз, во прилогот под наслов „Едно езеро, две држави, три општини/ Охридско Езеро, туризмот се развива во Поградец, Струга, Охрид”.

Соработката се чини ќе биде поголема годинава и поради договорот на туристичките оператори за продолжување на деновите на престој во овој прекуграничен регион, наведува телевизијата.

Илир Џаколи, градоначалник на Поградец, вели дека соработка меѓу општините е неопходна.

Се трудиме туризмот да го развиеме не само во рамки на округот, туку и во регионални размери, вклучувајќи ги Струга и Охрид, додава тој.

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, е со став дека општината има должност да ги заврши проектите кои се во служба на туризмот, а потоа туристичките оператори се тие кои го развиваат туризмот во оваа област.

Во однос на сместувањето, создадена е потребната инфраструктура. Ние не можеме да ги упатуваме луѓето да ги посетат градовите, изјавил Мерко.

Телевизијата наведува дека годинава, за разлика од претходните, туристичките агенции од Охрид и Струга склучиле договори со повеќе туристички оператори од албанска страна, кои работат главно во Тушемиште.

OhridNews