Невладината Охрид СОС реагира на ново уништување на брегот на Охридското Езеро во близина на Струга.

Според објaвата на социјалните мрежи, тие тврдат дека на државно земјиште се уништува и тампонира појасот трска од крајбрежјето.

Додека тимот од македонски и меѓународни експерти работи на Физибилити студијата за урбанистички план за подрачја и објекти од државно значење во заштитената крајбрежна зона на Охридскиот регион, некој е оставен да го уништува и узурпира крајбрежјето во Струга. Фотографиите се направени деновиве, а ја прикажуваат девастацијата на државно земјиште кое според Агенцијата за катастар е дел од КО Охридско Езеро. Веќе извесен период се уништува и тампонира појасот трска и друга флора на овој сегмент од крајбрежјето, присутна е механизација, според очевидците, велат од Охрид СОС.

Посочуваат дека доставиле претставка до Државен инспекторат за животна средина и до соодветните општински инспекциски служби, веднаш да постапат и да се спречи понатамошното уништување на крајбрежјето, а против сторителите да има санкции.

OhridNews