Општина Охрид е најдобрата општина во земјата по сите параметри и не смее да се дозволи таа да не влезе во втора фаза на децентрализација поради стари долгови, изјави денеска градоначалникот на Охрид Александар Петрески.
Како што е познато поради долг од околу 5 милион евра и блокираната жиро сметка општината Охрид не може да влезе во втора фаза на деценттрализација. Градоиначалникот Петрески смета дека законот според кој се спроведува децентралзиацијата има недостатоци и треба да се промени за да им се овозможи на успешните општини да ги враќаат долговите со кредит.
„Општината во текот на месецот работи со блокирана сметка само неколку дена, но постојанио стигнуваат судски извршни реченија за стари долгови од пред 20-30 години. Старите долгови изнесуваа 15 милиони евра, од што останати се за враќање уште околу 5 милиони евра и очекувам со мерките кои заеднички ги преземнаме со централната власт и најавените инвестиции за изградба на хотели во Охрид за изградба на хотели за 5-6 месеци да ги вратиме долговите“, вели Петрески. Тој очекува дотогаш државата да донесе одлука за позајмица, или со одлука на Владата Охрид да влезе директно во втора фаза на децентрализација.
Наспроти ова пратеникот од ВМРО ДПМНЕ од Охрид, Цветко Грозданов смета дека единствена законска можност за надминување на проблемите со долговите на општина Охрид е нејзино прогласување за финансиски нестабилна општина и воведување принудна управа во која би партиципирале претставници на Министерството за финснсии. „Не постои законска можност локалната самопуправа да земе кредит ниту да добие позајмица од владата, туку единствено тоа може да се направи со прогласување на општината за финснсиски нестабилна“, вели Грозданов.
За проблемите со кои се соочува општината Охрид во процесот на децентрализацијата се дискутираше на јавната трибина што во организација на невладината МОСТ се одржа денеска во Охрид.
Г. Момироски