Нина Балабан (стрелаштво), Бојан Ристески и Сашо Лескароски (бокс) се преставниците од Охрид во македонската експедиција која ќе настапи на медитерантските игри во Мерсин, Турција.

Формата на боксерското дуо е одлично, иако тие останаа без настап на Европското првенство, не застанаа и продолжија да тренираат макотрпно.

– Двајцата боксери имаат инзводреден квалитет, штета што испадна така што неможа да ги бранат боите на Македонија на ЕП. Ако имаме добра ждрепка и ги избегнеме противниците од Италија, Шпанија, Русија можеме да се замешаме за некој медал – рече селекторот на боксерската репрезентација, Калаж Руждија.

Балабан е неприкосновена во својата категорија во стрелаштвото, тоа го повтори во неколку натпревари, а неодамна го собори својот личен рекорд на натпреварување во Охрид.

Мх.П.