Фудбалерите на Охрид со победа над Кораб од Дебар 2-0 (1-0) ги завршија контролните натпревари и подготовките за новата сезона во Втората македонска фудбалска лига.

„Рибарите“ вториот триумф во серија го обезбедија со по еден погодок во двете полувремиња. Во првиот дел резултатот го отвори Шериф Реџепи. Офанзивниот фудбалер со глава ја затресе мрежата на Кораб после добрата тимска акција. Охрид водството го дуплираше во 65-та минута, кога Наум Вељаноски во ситуацијата „очи в очи“ не погреши со гостинскиот голман.

На охриѓани во неделата која доаѓа им преостанува добро да се одморат и наполнат батериите и со отворен гард да му се спротистават на Гостивар во првата рунда од шампионатот.

Новата сезона стартува в сабота на 22 август.

OhridNews