Охридскиот ракометен клуб, со триумф ги отвори контролните мечеви во подготвителниот период, совладувајќи го Голден Арт КЛ7 со 25-23.

Составот на Голден Арт КЛ7 пружи повеќе од солиден отпорт, но охридските ракометари одиграа добар натпревар и заслужено славеа.

Избраниците на Раде Стојановиќ нова контролна средба ќе одиграат утре (понеделник), против Еурофарм Пелистер во Битола.

OhridNews