Охридските ракометари имаа успешен почеток на контролните натпревари на подготовките во Црна Гора совладувајќи го составот на Будва со 31-20.
”Гладијаторите” во Црна Гора ќе бидат недела дена, а во текот на подготовките ќе одиграат уште два натпревари со локални екипи.
За охриѓани ова е втор контролен натпревар во овој период. Во првиот, охридските сино бели подобри беа од Вардар Неготино.
Охрид, математички обезбеди пласман во плејофот од Супер лига и таму ќе атакува на едно од местата на табелата кои водат во европските натпреварувања.
OhridNews