За последните два порази од Макс Струмица и Прилеп во мечевите од плејофот во Супер лигата вината охридскиот ракометен клуб вината треба да ја побара во своите редови.


Охриѓани одиграа меч за заборав со Макс Струмица во „Билјанини Извори“, но и во таков развој на крајот од натпреварот имаа неколку шанси за реми што не ги искористија.

Натпреварот со Прилеп требаше да биде за рехабилитација, но се случи спротивното и Охрид го претрпе четвртиот пораз во плејофот од Супер лигата.

„Гладијаторите“ перфектно го започнаа мечот и по 15-тина минути играа имаа предност од седум голови (9-2). Место да ја задржат и преточат во триумф, тие ја прокоцкаа и му дозволија на Прилеп да се радува на победа.


Табела: Вардар 9 (-1), Металург 9, Макс Струмица 9 (-1), Прилеп 6, Охрид 0, Работнички 0.

OhridNews