Во првите 10 месеци од годинава земјава ја посетиле најголем број туристи од Турција 176 059 и Србија 63 291. Забележителен раст има и кај туристи од кои доаѓаат од Германија, Грција, Хрватска и Романија.
Најпосетени градови се Скопје, со раст на туристи од 5 проценти и Охрид со раст од 7 проценти во споредба со 2019 година, информираше на денешната прес конференција директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АТТП), Љупчо Јаневски.
Предлог буџетот на Владата за 2024 година е сепак несоодветен и многу помал од побараното за потребата на промоцијата на туризмот на нашата земја. Баравме вкупно 218 милиони денари, сме добиле 100 милиони за 2024 година, кога ќе ги извадиме субвенциите за комплетно работење на институцијата се 38 милиони, но за промоции и поддршка, кога сите тие ставки за трошоци ќе ги извадиме, остануваат 8,3 милиони денари, појасни Јаневски, кој информираше дека за 2023 година имале 20 милиони денари за работа, кои исто така биле малку, што со сегашното намалување на 8,3 милиони е многу помалку.
Поради ова намалување, тој рече дека покрај тоа што ќе учествуваат на многу значајни туристички саемски манифестации кои ќе се одржат во Мадрид и во Берлин, сепак, после 10 години, нема да можат да учествуваат на саемите во Истанбул и во Белград и покрај тоа што тие се најдобрите туристички пазари од каде што доаѓаат најголем број посетители во земјава.
Владата треба многу поголем приоритет да му даде на туризмот и да го постави на многу повисоко ниво, и со формирање на министертсвото кое ќе биде рамноправно со другите министерeрства туризмот во наредните пет до десет години ќе биде еден од столбовите на македонската економија, додаде Јаневски.
Во првите три квартали од актуелната 2023 година, туристичкиот промет во земјава покажува раст од 25 проценти со тоа што придонесува со 471,59 милиони долари прилив во БДП-то на земјава за 2023 година.
OhridNews