Природниот прираст во Охрид во четвртиот квартал од 2014 година е -27 лица. За толку бројот на живородените деца е помал од бројот на починатите, соопшти Државниот завод за статистика.

Статистичките податоци покажуваат дека во четвртото тримесечје од 2014 година во Охрид се родиле 130 новороденчиња, а починале 157 лица. За истиот временски период 80 парови од Охрид стапиле во брак, а биле евидентирани и 25 разводи.

Споредено со податоците кои биле евиденирани во третиот квартал од 2014 може да се забележат значителни разлики. Во тој период природниот прираст во Охрид бил 9 лица, односно се родило 151 новороденче, а починале 142 лица. За истиот временски период 146 парови од Охрид стапиле во брак, а биле евидентирани и 7 разводи.


На ниво на Македонија природниот прираст во четвртиот квартал од годинава изнесува 755 лица.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во четвртото тримесечје од 2014 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 1,1% и изнесува 5.853 живородени деца. Бројот на починати лица во четвртото тримесечје од 2014 година бележи зголемување од 1,6 %, во споредба со истото тримесечје од 2013 година и изнесува 5.098 лица, а од нив 58 се починати доенчиња.

Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е намален за 2 %, во споредба со истиот период од 2013 година, и изнесува 3.309 бракови. Разведените бракови во ова тримесечје од годината бележат намалување од 9,1%, во споредба со истиот период од 2013 година и нивниот број изнесува 517.

OhridNews