Со пригодна свеченост  која ќе се одржи утре пред споменикот на Св. Кирил и Методиј, општина Охрид ќе го одбележи 24-ти мај- денот на сесловенските просветители.

Во рамки на настанот ќе бидат доделени награди на ученици од основните и средните училишта кои постигнале значајни резултати на државни и меѓународни натпреварувања по што ќе се одржи културно-уметничка програма.

Според најавите, свеченоста ќе започне во 11 часот.

OhridNews