Ракометарите на Охрид со триумф над Работнички 33-26 (20-10) во Скопје ставија точка на возбудливата сезона во Супер лигата.
„Гладијаторите“ дебитанската сезона во плејоф мечевите ја завршија на петтата позиција со три победи во десет мечеви, а претходно во Супер лигата завршијa на втората позиција.
Охриѓани и во мечот без резултатско значење во Скопје покажаа квалитет и сосема заслужено ги освоија бодовите кои само ги зацврсти на петтата позиција на табелата.
Вкупно девет ракометари се запишаа во листата на стрелци, а со по шест голови предничеа Дарко Павловиќ и Елдин Вражалица.
OhridNews