Охридските фудбалери и математички го обезбедија опстанокот во третолигашко друштво, откако на домашен терен со 4-2 го совладаа составот на Кравари.
До победата на домашен терен охридските „сино-бели“ стигнаа во првиот дел во кој постигнаа три голови, а примија еден. Во второто полувреме двете екипи реализираа еден погодок за конечни 4-2.
Во останатите мечеви од 23-та рунда во Третата лига ќе се сретнат Лирија – Фљамуртари, Кораб – Караорман, Октиси – Велешта и Воска – Сатеска. Сите натпревари се играат во недела со почеток во 16 часот и 30 минути.
OhridNews