Ракометниот клуб Охрид со победа над битолски Работник 30-17 (11-6) ги почна натпреварите во подготвителниот период за престојната сезона во Супер лигата.


Избраниците на охридскиот стратег Горан Андоновски на првиот контролен натпревар покажаа квалитет и надмоќност во текот на целиот меч.


Гостите од Битола предводени од македонските ракометни легенди Иван Маркоски и Александар Зарков пружија отпор само во првиот дел додека во вториот потклекнаа пред силниот ритам на охриѓани.


Најефикасен во охридскиот состав со шест погодоци беше Мите Караиванов, еден помалку реализираше Крсте Андоновски, а до четири броеше десниот бек Дарко Павловиќ.


Валентино Белевски три пати се запиша во листата на стрелци, а херој на вечерта беше младинскиот ракометар Наум Костов кој за кратко време постигна три погодоци и ја крена на нозе охридската публика.


„Гладијаторите“ викендов што доаѓа ќе учествуваат на квалитетниот турнир во Прилеп каде ќе се сретнат со домаќинот, Радовиш и битолски Пелистер.

Мх.П.