Охридските ракометари, извојуваа нова победа во најквалитетната македонска ракометна лита, триумфирајќи во Радовиш против истоимената екипа 28-22 (14-12), 10-та рунда од Супер лигата.

„Гладијаторите“, до осмиот триумф во исто толку одиграни мечеви во Супер лигата, стигнаа со сигурна и стабилна во текот на целиот натпревар.

Избраниците на Раде Стојановиќ триумфот во Радовиш го најавија во првиот дел, кој иако тесно, сепак, го добија со 14-12. Во второто полувреме, Охрид, со маестрална игра во одбрана го задржа водството, а во финишот, успеа и да го зголеми, за убедливи 28-22.

Хрватскиот интернационалец Денис Тот со пет голови беше најефикасен во составот на Охрид, а по четири прати прецизни беа Бобан Блажески и Мартин Манасков.

Ракометарите на Охрид, во следната рунда ќе се судрат со Пролет. Мечот се игра на 1 декември, во СРЦ „Билјанини Извори“.

OhridNews