На иницијатива на ЛК Лихнидос, Охрид на симболичен начин ќе ја одбележи 13 годишнината од смртта на Тоше Проески.

Во петок, 16 Октомври, ги повикуваме сите угостителски објекти да ги пуштаат песните на Тоше. Тоа е најмалку што можеме да направиме во спомен на Македонскиот ангел. – изјавија членовите на клубот.

Идејата е со големо задоволство прифатена од кафетериите и хотелските објекти во центарот на градот, од бродовите и катамараните. OhridNews ќе посвети посебна сторија за македонскиот музички гениј, Супер Радио во петок ќе одвои термин за музиката на Тоше, а на ТВМ ќе биде емитуван документарен филм посветен на прерано починатата музичка ѕвезда.

Во иднина ЛК Лихнидос планира и поставување на пригодно мермерно спомен обележје на Тоше, веднаш до паметникот посвете на Горан Стефановски. Со креирање на таква Алеја на великаните, Охрид на најдобар начин ќе покаже респект кон најзначајните претставници на современата македонска култура и уметност.

OhridNews