Утревечер во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи голем Хуманитарен концерт за собирање на помош за жителите од поплавените подрачја во Македонија.
На концертот ќе настапат Камелеон, Ѓоко Танески, The Backdoor Band, Дамјан Пејчиноски, Група Романса, Street Spirit, Betty’s Boobs, Ирма Гогова, Натали Илијоска во придружба на Виктор Јолакоски и Ангела Николоска.
Поддржувачи на концертот се Labino Sound, НУЦК „Григор Прличев“, Печатница НИПОН, Лајонс клубовите од Охрид, Унијата на млади сили на ВМРО – ДПМНЕ од Охрид и Охридскиот Локален совет на млади.
Концертот започнува во 20 часот, а влезот чини 100 денари.