На националнииот избор на песна за Евровизија кој започнува денеска во Скопје, во првата полуфинална вечер ќе настапат двајца охриѓани.

Под реден број 3 ќе настапи раперот Кербер. Песната се вика „Чорбаџија“, текстот е на Климент Србиноски – Кербер, музика и аранжман на Димче Китрозоски, а во кореографијата се вклучени и познатиот пејач Митко Колјушевски и актерите Марко и Јован.



Со големи амбиции на овогодинешниот избор на песна за Евровизија, под реден број 10 ќе настапи популарниот Ѓоко Танески. Тој ќе ја отпее песната „Јас ја имам силата“ за која текстот и музиката ги напиша Кристијан Габроски кој се потпишува и на аранжманот заедно со Дарко Тасев. Во бендот кој ќе го придружува Танески е уште еден охриѓанец – Дамјан Пејчиноски кој свири гитара.


Втората полуфинална вечер е утре, а финалето ќе се одржи во сабота, 20 февруари. Евросонг 2010 ќе се одржи во Осло – Норвешка.

Ohridnews