И навистина беше така,не постоеше место во Охрид каде не се пуштало и слушало добра квалитетна музика и во Mezzoforte и во Aquarius и во Jazz Inn и во Novel и во Tabana и во Slavica и во Big Blue а де не зборувам за Lea, Dali, La Bamba, Club 10 (Заро).Напливот на турбо фолк рефрени ме иритира,нервира и го убива она познатото„Охрид слуша квалитетна музика“ но јас продолжувам па колекционирам и слушам квалитетна музика па затоа и го пишувам ова.Еве веќе подолго време не можам да се заситам од новиот албум на Will Downing – Classique. Го слушам дома,го слушам во кола, го слушам на работа, едноставно плени релаксира. Ме потсетува на Barry White иако со помека боја на гласот Ве уверувам дека е вистинско уживање да се слуша.
Начинот и стилот на пеење, продукцијата и гостите на албумот е вистинската формула овој албум да го имате во Вашата колекција на носачи на звук,купете го,преснимајте го или данлодирајте го. Не Ви наредувам но ви укажувам дека е одличен за сите генерации по она старото „од 7 до 77“. Му се допаѓа и на син ми Стефан и на сопругата Елизабета, ќе му се допадне и на Буде и на Мише и на Паткана и на Нико Плевнеш и на Игор Кичеец и на Тунте и на Нелко и на Марино и на Љуше и на Јуксел и на сите кои со години го негувале она „Охрид слуша квалитетна музика„. Нема да Ве „гњавам“ многу со читање доволно е да ги слушнете Something Special, Just Thing About It, Baby I’m For Real ……и Classique на Will Downing да Ви биде омилениот албум до мојот следен предлог за „Охрид слуша квалитетна музика“.