Дека Охрид слуша квалитетна музика и дека знае да препознае квалитетна музика можам да докажам со тоа што пред некој ден враќајки се дома со кола (литературно било автомобил) жена ми ми вели: ОВА Е ДОБРО – Бенсон е? Си знае животната сопатничка дека сопругот го обожава и слуша George Benson. Сега некој ќе речe: Е добро де препознатлив е стилот на Benson па секој можe да го препознаe. Не е финтата да го препознаeш туку едноставно да те плени, да те освои  мелодијата. Зошто жена ми не ме праша за предходната песна која свиреше пред таа на Benson? Значи препознала квалитет.

Songs And Stories е последниот албум на George Benson не го сметам овој последниов компилациски Classic Love Songs (2010). Ќе се навратам на пред неколку реченици во врска со она дека секој може да го препознаее – напротив,баш овој албум е најмалку препознатлив. Стилот е различен,имате топ JAZZ,одличен R’n’B,дури и прекрасен SMOOTH JAZZ во диско ритам,а за баладите немам коментар на пример Someday We’ll All Be Free или класиката Rainy Night In Georgia за албумот да заврши со одличната Sailing. Одлични гости (ќе го издвојам Norman Brown),прекрасни вокали,се спакувано во нешто што врди богатство.

Е сега колекционери – не сте колекционери ако го немате овој албум во својата колекција.Ваше е дали ќе го купите или ќе го барате на FREE DOWNLOAD,ваше е како но ве уверувам дека неколку месеци не ќе можете ништо друго да слушате и ќе се почувствувате дека сте дел од оние кои припаѓаат во КЛУБОТ:Охрид Слуша Квалитетна Музика.Наздравје уживање.Еден е George Benson.
                                                                                                              

                                                                                                                                                 Ванчо Јованоски