Во пресрет на продолжението на сезоната 21/22 во Супер лигата, ракометарите на ГРК Охрид одиграа контролен натпревар против екипата на Струга.

На натпреварот кој се одигра во Велгошти, Охрид славеше со 3 гола разлика, 34:31 (17:10).

Ракометарите на Охрид се на зимски подготовки пред стартот на вториот дел од Супер лигата. Тимот се наоѓа на петтото место на табелата со 25 бода и е во борба за местста кои водат во плејофот.

OhridNews