Битолчанецот Петар Вељанов е делегиран како главен судија за натпреварот од 9 – то коло во Вторатата МФЛ, кој на Билјанини Извори, Охрид ќе го игра против Скопје.
Вељанов оваа сезона, не им има “судено“ на охриѓани, додека минатата сезона на единствениот натпревар кој го судеше битолчанецот, Охрид на Билјанини го победи Маџари со гол од пенал во 88 минута.
Стрелец беше тогашниот капитен Зоран Лошкоски.
Натпреварот Охрид – Скопје се игра во Сабота со почеток во 14 часот.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com