Три градови во Македонија и тоа Охрид, Струмица и Скопје ќе бидат домаќини на Светското ракометно првенство за кадети во женска конкуренција кое ќе се одржи од 19 јули од 2 август.
Делегација од врвот ИХФ предводена од Леон Калин, кој е претседател на натпреварувачката комисија на светската ракометна федерација беше во посета на охридската спортска арена „Билјанини Извори“ и останатите градови домаќини на мундијалот.
– Сакавме во што повеќе градови да се играат натпреварите од Мундијалот, но сместување и условите беа пресудни да го стесниме изборот, кој „падна“ на три градови – рече Калин.
Две од четирите групи ќе се играат во Охрид, а по една во Скопје и Струмица. Осминафиналните натпревари ќе се играат само во Охрид и Струмица, а арената „Билјанини Извори“ ќе биде домаќин на разврската за медалите.
Претходно во посета на „Билјанини Извори“ беше генералниот секретар на Ракометната федерација на Македонија, Филип Милошески.
Мх.П.