Ракометната федерација на Македонија (РФМ) доби позитивен одговорот од Светската ракометна организација  (ИФХ) за организирање на женскиот ракометен Мундијал во младинска конкуренција. Светското првенство ќе се одржи 2024 година.

Натпреварите на Мундијалот на кој ќе учествуваат најдобрите 32 селекции ќе се играат во три градови Охрид, Скопје и Струмица.

  • Со огромно задоволство, Ве известуваме дека на денешниот состанок на извршниот комитет на ИХФ кој што се одржa во Каиро, Египет, членовите на извршниот комитет едногласно ја потврдија апликацијата за кандидатурата на Ракометната Федерација на Македонија за организатор на женското младинско Светско Првенство (до 20 години) во 2024 година. Оваа организација претставува 6-та организација на нашата земја на еден светски мундијалски собир во млади категории во машка и женска конкуренција. – стои во соопштението од РФМ.

Во изминативе години, РФМ успешно ги организираше Светските првенство во млади категории. Најголем дострел е Европското првенство во женска конкуренција кое се одржа во 2008 година.

OhridNews