Од секогаш сум бил заинтересиран од каде доага нашаТа охридска Т во нашиоТ диалекТ. Можда то Т е од шо многу не Тттресат земјотреси? Пред неколку години едни скопјани ми велаТ на ароганТен начин: ‘Ах, вие сте од Охрид, ве препознајвме за секунда со таааа Т, Т, Т.’ Друштвото ме навреди. Им одговорив од срце: ‘Јас сум горд дек сум од ОхриТ. Мило ми е шо не се срамам од корениТе. Го почитувам мојоТ роден крај. Не глумам скопски јазик, пола (демек) литературно, пола српски, пола бугарски и види ние сме посебни. Јас го корисТам јазикоТ од мојоТ идентитеТ.’
Охриѓани не се срамаТ. Но, сега се плашаТ. Има причина. Некој плачиТ од материјална штета и паника. То тресење донесе страв ама и нешто ново. Страв за полошо. Има и наеднаш големо, повеќе автетично дружење во овај денешен индивидуалистички дигитален живоТ. НародоТ на моменти спијаТ надвор, по тротоари, паркови, кампови и коли. Наеднаш има повеќе комуникација, класични социални контакти помеѓу комшии. Око со око, со вистински зборови.
Други се зафркавеТ. Им се тресаТ хумористичните хормони со земјосмешки и глупости. МораТ некако секој еден на свој начин да си туркаТ во овој привремен нервозен амбиенТ.
Со ова ризично тресење има за среќа помалку политичко тресење. Изборите се зад нас. Само сега истаТа политика ми недостасуваТ! Нестрпливо ги чекам првите партиски пресс изјави/конференции од портпароли, пратеници или лидери. Дека за овие природни 1200 земјостреси се едните криви. Другите обавезно брзо остро ќе им одговораТ дека за оваа чудна ситуација се тие криви. Или Европа, Америка, Грција, Бугарија, Сорос, Тирана, невладини организаци….
Мил господе, доста беше со ова страсно тресење. СамиоТ гледаш неможиТ никој и ништо да го уништиТ ОхриТ ВраТи не во стариоТ живоТ. ОхриТ сакаТ да мируваТ. И ак мојт: средете го проблемот со бучавата навечер и посебно со собраќајоТ во градоТ. Да, точно то е многу страшно (10,7 на ниво од Рихтер) и е посериозна тема од овие земјотреси.
ВлаТко од АмсТердам
Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите