Дерби натпреварот од последното коло во Втората МФЛ, Охрид – Шкендија кој ќе се игра во с. Велмеј, ќе го води битолчанецот Зоранчо Илиевски. Негови помошници ќе бидат прилепчаните Костоски Зоран и Митрески Златко. 4 – ти судија е Блажевски Тоде од  Битола.

Илиевски во досегашните 12 кола, два пати ја делеше правдата на натпревари на кои играа “рибарите“, а и двата меча завршија со пораз. Во рамките на 2- то коло на “Билјанини“ против Брегалница 3-0 и во 4 – коло против Влазними во Струга со 1-0.

Натпреварот Охрид – Шкендија ќе се игра во среда (2 декември) на теренот во с. Велмеј.

М.П.