Според  истражувањето на неделникот “Форум плус“ Охрид го зазема шестото место на листата на  градови во државава каде условите за живеење се најповолни.


на шесто место според условите за живот – Охрид

Истражувањато во кое се оценувале условите за живеење, степенот на урбанизација, економскиот развој, здравствената заштита, состојбата на инфраструктурата и богатството на образовна и културна понуда, покажале дека најубаво се живее во Струмица. Следуваат Кочани, Гевгелија,  Кавадарци, Битола, а Охрид според неделникот “Форум плус“ е на шестото место.

Скопје е исклучен од истражувањето поради „големата загаденост, урбаната мафија, криминалот и ниската еколошка свест“.