Две години откако Секторот за локален економски развој-ЛЕР, амбициозно го најави проектот за категоризација, Охрид не знае со колкав капацитет располага во приватното сместување.

Од ЛЕР сега се правдаат дека процесот е бавен и сложен и дека немаат доволно екипи на терен. “Во секој случај динамикатане не е  онаква каква  посакуваме да биде, меѓутоа секојдневно имаме екипи на терен со кои сме задоволни. Наша задача беше да направиме евиденција на приватното сместување кое ние го идентификувавме како најголем проблем бидејќи односот помеѓу приватното и хотелското сместување е мошне различен. Според некои податоци Охрид во хотелското сместување располага со 2000 кревети, додека бројот на креветите во приватното сместување не се знае“, вели Гоце Симоноски, раководител на Секторот за локален економски развој.


колку кревети има Охрид во приватното сместување?

Симоноски не чувствува одговорност за бавното одвивање на процесот на категоризација, затоа што како што рече, тој официјално бил назначен за раководител на секторот за развој на туризмот и ЛЕР само пред еден месец. Тој најави дека се подготвува база на податоци, специјален прирачник, а започнува и доделувањето на решенија за евиденција.

Симоноски вели дека најголем проблем претствува екипираноста на тимот за евиденвија бидејќи како што рече на терен работат само четири луѓе. Симоноски демантира дека граѓаните молат да бидат евидентирани, но вели дека интересот кај нив е голем. “Работата оди нешто поспоро но сме задоволни од постигнатите резултати“, вели Симоноски.Тој немаше податок колкави се средствата собрани од туристичката такса, но рече дека таа информација  ќе биде објавена наскоро.

Симоноски побара рабирање од јавноста бидејќи како што рече процесот на категоризација е голема работа која бара време. Тој  рече  дека во ЛЕР интензивно се работи на стратегијата за развој на туризмот која како што најави ќе биде донесена до 1 јули .

Г. Момироски