Охридски новинари, актери, уметници, музичари, лекари, спортисти… сите со една порака: „Да бидеме одговорни, да го чуваме јавното здравје, останете дома!

Кон кампањата „Охрид седиТ дома“ за подигање на јавната свест за превенција од Корона вирусот Ковид 19, што ја иницираа градоначалникот Константин Георгиески и Општина Охрид, секојдневно се приклучуваат голем број охриѓани од јавниот живот кои апелираат за почитување на препораките на надлежните.

Придржувајќи се на мерките и препораките охридските јавни личности повикуваат да не излегувате надвор и да го следите нивниот пример за да го зачувате како вашето, така и здравјето на вашите најблиски, но и на другите граѓани.

Во време кога единствениот начин да се запре ширењето на коронавирусот е да останете дома, меѓусебната поддршка е повеќе од значајна. Да останеме дома, за што побрзо да го победиме вирусот за побрзо да можеме да се дружиме!

OhridNews