Голем број граѓани на Охрид, пријатели, колеги, соработници, како и претставници на државниот врв, дојдоа заедно со членовите на најблиското семејство да го испратат до вечното почивалиште ненадејно починатиот градоначалник проф. д-р Јован Стојаноски.

Државната делегација на погребот ја предводеше премиерот Зоран Заев со министри од неговиот кабинет. Присутни беа и негови сопартијци, колеги градоначалници од соседните општини, како и делегации на збратимените градови.

Последната почит кон својот градоначалник, Охрид ја искажа со Ден на жалост, како и со комеморативни седници во општината и Факултетот за туризам и угостителство каде Стојаноски долги години работеше како професор.

Стојаноски кон вечното почивалиште на градските гробишта во Огрид го испрати и охридската бродска флота со петминутно вклучување на бродските сирени.

OhridNews